
Во саботата во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од 1 до 11, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 9 и 21 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 19 степени.