
Во Македонија во средата ќе преволадува променливо облачно време, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Утринските температури се движат од 6 до 11, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 18 и 27 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Температурата ќе достигне до 26 степени.