
Ноќеска нешто пред 4 часот во Нов Загреб со експлозивна направа е разнесен банкомат. Хрватските медиуми јавуваат дека во експлозијата нема повредени и дека истрагата се уште е во тек.
Инаку, ова е втор грабеж на банкомат во Загреб извршен со експлозив, бидејќи минатата недела на ист начин беше ограбен банкомат во населбата Стара Пешченица.