ВИДЕО| Најмалку седум загинати во пад на автобус во река во Санкт Петербург

Најмалку седум луѓе загинаа кога патнички автобус падна од мост во реката Мојка којашто тече низ руската северна метропола Санкт Петербург, соопшти вечерта во петокот градското биро на рускиот Истражен комитет.

Во петокот рано попладнето по локално време, возачот на автобусот не успеал да го контролира вртењето од улицата кон мостот во Санкт Петербург. Возилото ја пробило заштитната ограда и паднало во реката. Според сознанијата, во автобусот во моментот на несреќата имало околу 20 лица.

Од објавените снимки се забележува дека автобусот се движи неконтролирано и кривулесто и удира едно возило пред да ја пробие оградата и да се стрмоглаво од мостот и речиси целосно да потоне во реката. Властите објавија дека е приведен 44-годишниот возач.

Според заедничката веб-страница на судовите во Санкт Петербург, автобусот припаѓал на компанијата „Такси“ којашто само од периодот јануари 2022 година досега 23 пати била повикувана на одговорност поради разни пропусти, а во нејзините простории се вршат претреси.