
Во Кабинетот на претседателот, денеска ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.
По свечената церемонија, соопштија од кабинетот на Претседателот на државата, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба.
Државната изборна комисија вчера и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска-Давкова. Во текот на денешниот ден таа пред пратениците во Собранието ќе даде свечена изјава.