
Според добиеното известување од ЕВН Македонија, Регионалниот центар за управување со кризи ги известува граѓаните на Скопје дека поради реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа утре 15.05.2024 година (среда), без снабдување со електрична енергија ќе останат следните корисници:
-Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без напојување ќе останат корисниците на дел од населбата на ул.„Дижонска“, ул.„Ѓорѓи Димовски “и дел од „Виковарска“ во општина Чаир.
-Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат корисниците дел од населбата на ул.„Гаврил Константиновиќ“ во општина Аеродром.