
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најстрого го осуди атентатот врз словачкиот премиер, кој моментално се бори за живот откако најмалку три куршуми завршија во градите и стомакот.
-Силно го осудувам ужасниот обид за атентат врз премиерот на Република Словачка, Роберт Фицо. Ваквите акти на насилство се напад врз демократските вредности што ги негуваме и никогаш не смеат да бидат толерирани. Додека премиерот Фицо и неговото семејство минуваат низ ова тешко време, тие се во нашите мисли и молитви. Ние се солидаризираме со оние што се залагаат за принципите на редот и законот и повикуваме на брза, темелна истрага за да се изведат сторителите пред лицето на правдата, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Мицкоски.