
Во градинката ЈДГ Весели Цветови – Општина Кисела Вода се одбележа 15 Мај – Меѓународен ден на семејството преку реализација на активност – дружење со родителите на децата и децата од воспитната група 2-3 години – Појадок со мама и тато!
Воспитувачката Клементина Петрушевска и негувателката Мирјана Ангелески преку активности и игри ги вклучија родителите во утринските активности и рутини на децата во градинка, заеднички појадок и активности во кои споделија искази за семејството и семејните вредности со изработка на постер како и ликовна активност со цртање и изработка на тема: Моето семејство!
Дружењето и активностите се дел од соработката и поддршката на родителите и децата од градинката како и унапредување на раниот детски развој.

Целта за одбележување на овој настан е подигнување на свеста кај родителите/старателите за воспитувањето на децата и нивната благосостојба засновано на взаемо почитување, помагање, грижа, нега и меѓусебна поддршка.
„Семејството е најголемо богатство и благослов! Место на љубов, поддршка и радост! Затоа да ги негуваме и почитиваме семејните вредности! Градинката секогаш ги поддржува децата и нивните семејства преку различни видови на соработка и активности со цел да ги помага кон позитивно родителство и воспитивање на среќни деца,“ истакнува Клементина Петрушевска, воспитувач во градинката ЈДГ Весели Цветови – Општина Кисела.

