
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата влада одлучила да ги олесни регулативите и значително да ја зголеми квотата на странски работници во Израел, бидејќи земјата се соочува со недостиг од работна сила поради војната во Појасот Газа.
Меѓу чекорите што Израел ќе ги преземе е да дозволи влез на повеќе од 300.000 странски работници или до 3,3 отсто од своето вкупно население.
Зголемувањето на квотата за странски работници има цел да го покрие недостигот од работна сила во економијата, вклучително градежништвото, земјоделството и медицинската нега, се вели во соопштението на владата.
„Ова е важна одлука за бизнисите, за нашата економија и за нашата безбедност“, рече Нетанјаху.
Израл чувствува голем недостиг од работна сила во речиси сите сфери, откако многумина млади Израелци се мобилизирани и регрутирани во безбедносните сили од ланскиот октомври по почетокот на војната против палестински Хамас. Истовремено, речиси е сосема запрен дневниот прилив на илјадниците Палестинци кои секојдневно минуваа на работа во Израел.