
Полуматуранти од основното училиште во Долна Горица, Црна Гора, како што се наведува го запалиле училиштето за време на матурската прослава. На страницата на „Инстаграм“, „Подгорички времеплов“, е објавено видео од пожарот, каде што е наведено дека тој бил предизвикан од факел.
-Полуматурантите со факел го прославија крајот на школувањето, а потоа го запалија училиштето во Долна Горица, се наведува во објавата, пренесува Макфакс.
Поради употреба на пиротехнички средства, училиштето било опожарено, а учениците се евакуирани поради пожарот, пишуваат тамошните медиуми.