
Томислав Николиќ, поранешниот претседател на Србија и директор на Националниот совет за координација со Руската Федерација и со Кина, имал утрово сообраќајна несреќа, пишуваат медиумите на нашиот северен сосед.
Несреќата се случила во 9:15 часот во центарот на Белград, а Николиќ се наоѓал во службено возило „ауди А8“.
Со автомобилот управувал неговиот личен возач, а во несреќата немало повредени.