
Во Македонија во неделата ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Утринските температури си движат од 9 до 14, додека највисоките дневни ќе бидат во интервалот меѓу 19 и 27 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде исто така променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Температурата ќе достигне до 25 степени.