НБА лига: Индијана на Бостон во финалето на Истокот

Кошаркарите на Индијана Пејсерс се пласираа во финалето на Источната конференција на НБА доигрувањето, откако во решавачкиот седми натпревар на гостински терен ги совладаа Њујорк Никс со 130:109 и со тоа се изборија за натпреварување со Бостон Селтикс за големото финале на лигата.

Од самиот почеток на седмиот натпревар Индијана веше во водство и со одлична офанзивна игра го разби Њујорк, кој со текот на времето сѐ потешко го одржуваше ритамот на противникот, во прв ред поради бројните повреди во составот.

Најпрво Сијакам беше незапирлив за домаќините, а потоа Халибертон реализираше „тројка“ со која Индијана во текот на втората четвртина стигна до 20 поени разлика. Њујорк квалитетно играше само во воведниот дел од второто полувреме. Тогаш ја намали негативата на помалку од десет поени, но шутерската моќ на Индијана многу брзо ја врати големата предност и на крајот лесно победи за влез во конференциското финале.

Последен пат Индијана стигна до оваа фаза во 2014 година кога загуби од Мајами Хит во источното финале со 2-4. Претходната сезона играше и во конференциското финале и повторно беше поразена од истиот противник со 3-4.

Сите играчи од првата петорка на Индијана постигнаа 17 или повеќе поени. Тајрис Халибертон постигна 26 со шест асистенции и постигна 6-12 за „тројка“. Паскал Сијакам и Ендрју Нембхард постигнаа по 20 коша, а вториот имаше и шест асистенции и пет скока.

Донте ДиВиченцо постигна 39 поени за Њујорк со 9 од 15 за „тројка“. Најдобриот играч на Њујорк, Џејлен Брансон постигна 17 поени, но најголемиот дел од вториот дел го пропушти поради повреда на прстот. Алек Баркс постигна 26 поени од клупата.

Во финалето на Истокот, Бостон ја има предноста на домашниот терен и ќе биде домаќин на првиот натпевар ноќта од вторник кон среда по средноевропско време.