
Пораката дека „европскиот пат на Северна Македонија поминува низ Грција“ и може да остане затворен во случај да не се почитува договореното, ја повтори грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Кога некој го влече јажето, ќе треба да биде подготвен да се скине. И ако отстапува од договорениот тек, да знае дека ќе наиде на затворен пат кон Европа. Пат кој поминува од Грција и почитувањето на меѓународното право, истакна Мицотакис.