
Четиригодишно дете паднало во неделата на настанот „Гулашијада“ во Баранда во котел со гулаш. Детето е извлечено од котелот со брзата реакција на полицијата и е префрлено на Универзитетската клиника во Белград, каде што, според официјалните информации, се наоѓа на интезивна нега и е вон животна опасност, пишува српски Блиц.
До несреќата дошло така што детето возело велосипед по тротоарите, во придружба на својата баба и удрило во дрвениот столб со кој бил обезбеден просторот, односно зелената површина околу местото каде што се одржувал настанот и каде што се готвел гулаш.
По ударот во столбот детето паднало во котелот.
Тоа, прво било пренесено во Домот за здравје Опово, а подоцна на лекување и во Белград.