
Цените на бензините и на мазутот од полноќ минимално се намалуваат, а на дизелот и на маслото за горење се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ.
Според денешната одлука на РКЕ, малопродажната цена на бензинот „еуросупер -95“, се намалува за 0,50 денари по литар и од полноќ ќе изнесува 82,50 денари. Цената на бензинот „еуросупер -98“, се намалува за 1,00 денар и ќе изнесува 84,50 денари за литар.
Исто така, цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 0,50 денари по литеар и од полноќ ќе изнесуваат 73,50 за дизелот и 73,00 денари за маслото за домаќинства.
Регулаторите ја намалија и цената на мазутот за 0,176 ден/кг, и од полноќ таа ќе изнесува 42,453 ден/кг.