Претпазливо тргување на Волстрит, Nasdaq на историски рекордно ниво

На Волстрит се тргуваше претпазливо во вторникот, при што индексите Dow Jones падна а S&P 500 стагниаше, додека Nasdaq првпат во историјата се пробинад нивото од 17.000.

Иднексот Dow Jones загуби 0,55 отсто, на 38.852 поени, додека S&P 500 зајакна 0,02 отсто, на 5.306 поени, а индексот Nasdaq скокна за 0,59 отсто, на рекордни 17.019 поени.

Новиот рекорд на Nasdaq најмногу се должи на скокот од 7 отсто на цената на акцијата на „Nvidia“, најголемиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција. Благодарение на тоа, технолошкиот сектор беше вчерашниот најголем победник, што го поддржа и благиот раст на индексот S&P 500.

Сепак, другите сектори не поминаа толку добро, бидејќи нема вести коишто би им дале поддршка. Цените на акциите растат со месеци поради шпекулациите дека американската централна банка агресивно ќе ги намали каматните стапки оваа година, што ќе го поддржи економскиот раст. Но овие шпекулации стивнаа, бидејќи сите најнови макроекономски податоци покажуваат дека инфлациските притисоци во САД се сѐ уште засилени, а пазарот на трудот е сè уште силен.

Тоа е ричината зошто челниците на Fed долго време повторуваат дека каматните стапки би можеле да останат покачени подолг период од очекуваното. Сепак, пазарот сѐ уште се надева на пооптимистичко сценарио, според кое Fed би ги намалил каматните стапки двапати до крајот на годината, почнувајќи од септември.

И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,76 отсто, на 8.254 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,52 отсто, на 18.677 поени, а париски CAC 0,92 отсто, на 8.057 поени.