
-12 директори на Хирургија и министерот Илир Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена. Повеќе од две недели пациенти ширум државата трпат последици од неможноста врз нив да биде направен медицински хируршки зафат. 15 дена директорите на Хирургија и министерот Демири не прават ништо да го санираат проблемот на Хирургија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
-Раководителите во здравството назначени од СДС и ДУИ како намерно да го доуништуваат здравството во последните денови пред заминување. Народот страда заради односот на СДС и ДУИ кон здравството. За сите кои ја предизвикале штетата на Хирургија и за сите кои не правеле ништо да се санира ќе има одговорност, велат од партијата.