
Повратникот во елитната класа на францискиот фудбал великанот Сен Етјен е продаден на канадската компанија „Kilmer Sports Ventures“ (KSV), а нов претседател на клубот е Иван Газидис, поранешен директор на Арсенал и Милан.Килмер Спортс станува единствен акционер на клубот.
Досегашните сопственици Бернар Кејаѕо и Ролан Ромеје ги продадоа своите акции во клубот и KSV стана единствениот акционер во клубот.
Компанијата е во сопственост на канадскиот милијардер Лари Таненбаум, кој за претседател на клубот го назначи Иван Газидис, поранешниот директор на европските фубдалски великани англиски Арсенал и италијански Милан.
Таненбаум го поседува хокеарскиот клуб НХЛ, Торонто Мејпл Лиф, НБА кошаркарскиот клуб Торонто Репторс и фудбалскиот тим во МЛС – ФК Торонто.
„Чест и голема одговорност е да се преземе раководството на клуб со толку престижна историја и резултати. Сакаме да го надградиме она што отсекогаш го правело ASSE (кратенката на клубот) силен, неговата историја, неговите вредности и исклучителната посветеност на неговиот навивачи во регионот и низ Франција“, изјави Газидис за официјалната веб-страница на клубот.
Сент Етјен е еден од најтрофејните француски клубови со 10 шампионски титули, само ПСЖ има повеќе – 12, а шест пати го освојувал и Купот на Франција.
Минатата сезона се натпреваруваше во втората лига, но преку дополнителни квалификации против Мец во неделата избори враќање во Лига 1.