Цените на нафтата паднаа кон 77 долари, трговците загрижени за побарувачката

Цената на нафтата падна на 77 долари на меѓународните пазари во вторникот, како одраз на стравувањата на трговците дека најавеното постепено зголемување на понудата кон крајот на годината би можело да биде се совпадне со анемичната побарувачка во услови на високи трошоци за задолжувањето кои ја кочат економската активност.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше пониска за 1,11 долари во однос на затворањето на тргувањето ден претходно и изнесуваше 77,25 долари. Вчера тој ја затвори трговијата во минус 2,75 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот денеска се тргуваше по пониска цена од 1,09 долари, од 73,13 долари. Вчера го заврши тргувањето со загуба од 2,77 долари.

Засебно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелот од референтаната нафтена кошница на нејзините членки во понеделникот поевтинил за 63 центи., на 81,3 долари.

Пазарите беа загрижени на почетокот од седмицата од планот OPEC и нејзините сојузници големи независни извоздници предводени од Русија, за постепено зголемување на понудата кон крајот на годината. Инако, групацијата позната како OPEC+ ја намалува понудата од крајот на 2022 година, за вкупно 5,86 милиони барели дневно, што одговара на околу 5,7 отсто од глобалната побарувачка. Во неделата картелот го продолжи договоот за уште една година, до крајот на 2025 година, договорот со кој се предвидува намалување на понудата за 3,66 милиони барели дневно.

Останатите 2,2 милиони барели дневно ќе бидат исклучени од пазарот до крајот на септември, соопшти групацијата, додавајќи дека планот е етапно да се враќаат до крајот на септември следната година.

Групацијата постепено ќе ја зголемува понудата од октомври, а високите каматни стапки ја кочат економската активност во големите економии како САД и Европа, што сугерира дека побарувачката можеби нема да биде толку силна како што проценуваат производителите, велат аналитичарите. На ова се додава поголема понуда од независни производители кои не се поврзани со OPEC+, како што се САД.

Во исто време, побарувачката за горива во САД благо се намали минатата седмица, на самиот праг на летната сезона на патувања, покажуваат податоците на Министерството за енергетика, објавени минатата седмица. Новите податоци Министерството ќе ги соопшти во среда.

„Клучот веројатно ќе биде… побарувачката во наредните квартали“, шпекулира Карстен Фрич „Commerzbank“.