
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи шестата седница преку ZOOM комуникациската платформа.
Како што информираат, на дневен ред на седницата се три точки – Предлог записникот од трета седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржана на 12.04.2024 година и Предлог записникот од петта седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржана на 21.04.2024 година; Постапување по конкретни предмети и Прашања и предлози.