
Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 16.00 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово.
Од МВР информираат дека И.М.(22) од с. Мала Речица, тетовско, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Тетово.