На Бајден му треба повеќе крвопролевање во Европа за да остане на власт

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден треба „да направи Европа да крвари уште потешко“ за да остане на власт, напиша официјалната портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на својот Телеграм канал.

„Дали земјите од Европската унија сфаќаат дека Вашингтон ги вовлекува во директна конфронтација со Русија под знамето на НАТО? напиша таа, коментирајќи ги плановите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, да го направи снабдувањето со оружје за Киев задолжително за сите членки на НАТО.

„Западот хистерично ја храни својата јавност со тврдења за наводна претстојна руска агресија врз западните земји, а тоа значи само едно – администрацијата на Бајден треба да ја натера Европа да крвари уште потешко за да го спречи колапсот на сопствената влада и на американската економија”.

Претходно Столтенберг рече дека испораката на оружје за Киев ќе стане задолжителна за сите земји-членки на НАТО и ќе биде координирана од генералот на американската армија Кристофер Каволи, командант на европската команда на САД и врховен командант на сојузничките сили во Европа.