
Прекинато водоснабдување денеска од 8.30 часот ќе имаат корисниците од улиците „Иван Козаров“, „Киро Крстевски“, „Боте Боцевски“, „Марко Цепенков“, „Вера Јоциќ“ и „Божидар Аџија“ во Кисела Вода поради изведување водоводен приклучок ф-200мм на ул. „Иван Козаров“ 6, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Во останатиот дел од населбата, односно во објектите во близина на наведените улици, водоснабдувањето ќе биде со намален притисок.
Прекинот ќе трае до завршување со работните активности, информира претпријатието.