
Во неделата утрото во 04.00 часот во Меморијалниот центар во селото Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.К. на 29 и А.П. на 22 години, двајцата од Куманово.
Од МВР потенцираа дека кај нив биле пронајдени кокаин, хероин и таблети. Двајцата, Д.К. и А.П. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.