
Вчера околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од параглајдеристи го пронашле патничкото возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки во чија близина биле пронајдени две починати лица.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.