
Во пожарот што избувна денеска на истокот на Атика во градот Коропи, во Грција, изгореа неколку куќи, а пожарот го гаснат десетици пожарникари со помош на два авиони и четири хеликоптери.
Пожарот прво избувнал на паркингот за чамци во градот Коропи, а потоа се проширил, пренесува Катимерини.
Според Противпожарната служба, се работи за сериозен пожар додека противпожарната единица прави напори за негово локализирање.