
Амбасадорите на земјите од Европската унија денеска се договорија да воведат 14-ти пакет санкции против Русија поради војната во Украина, објави белгиското претседателство со ЕУ на платформата Икс (Твитер).
Во соопштението се наведува дека новиот пакет санкции е договорен поради „руската агресија врз Украина“.
Овој пакет, како што се наведува, претставува нови насочени мерки и го зајакнува влијанието на постоечките санкции со затворање на „дупки“ во заобиколувањето на санкциите.