
Градскиот јавен превоз за време на продолжениот викенд ќе вози по неделен возен ред.
Поради верскиот празник Духовден, утре, петок и во сабота јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Во недела сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред“, информираат од МВР.
Утре од 7 до 14 часот, дежурни ќе бидат билетарниците во Ѓорче Петров и таа на Транспортен центар, а во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе имаат редовно работно време.
Жичницата за време на продолжениот викенд ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.