
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на патниот правец Берово-Струмица. Поради несреќата, во 16.20 часот патот беше затворен за сообраќај во двата правци, информираа од АМСМ.
Откако полицијата изврши увид и се расчисти патот, од 17.50 сообраќајот на овој патен правец е нормализиран.
Засега сè уште нема информации за состојбата на патниците.