
Две лица загинаа, а три лица се повредени утрово во експлозија на бомба во Цетиње, во близина на Спортскиот центар, јавуваат црногорските медиуми.
Полициската управа соопшти дека сите расположливи полициски екипи се на терен и дека истрагата е во тек, јави подгоричкиот портал Вијести. Според неофицијални информации, на самото место е убиен П.К., член на криминалниот Шкаљарски клан, додека уште едно лице потоа им подлегнало на повредите.