
На 20.06.2024 во 17.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на локалниот пат за с.Крушино, кичевско, А.Д.(25) од Кичево, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општа болница Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.