
Собранието до 23 часот мора да гласа за новата Влада поради временските неприлики во Скопје, порача претседателот на Собранието – Африм Гаши по последниот прекин за пауза на седницата.
Собранието со својата работа продолжи со работа во 21 часот и 15 минути.
„Наложено ми е дека може да работиме до 23 часот, може да се случи невреме и пак да снема струја. Значи вечерва мора да гласаме за Владата, најдоцна што може е 23 часот, па ќе пристапиме кон процесот на гласање“, рече Гаши.
По 21 часот скопската котлина повторно е зафатена од силно невреме проследено со дожд, грмотевици и засилен ветер.
Деловникот овозможува расправата за избор на Влада да трае максимум до полноќ.