
Продолжува Културното Лето 2024 на Општина Кисела Вода, која под слоганот “69години Кисела Вoда-храброто срце на градот”, цела седмица го одбележува и својот роденден. Вечерва, петок, 28 јуни, со почеток од 20:30, во паркот пред салата Расадник концерт ќе одржат Ѓорѓе Давид и Ивана Петерс со бендот Death Saw.
Ним ќе им се придрижат Ѕвездите на Гранд шоуто победничката од минатата сезона Славица Ангелова,второ пласираниот Александар Јосифовски, овогодинешната трето пласирана Андријана Петрушевска и Омер Џаферовски, а за крај настапува популарната Бресквица.
Ве покануваме да бидете дел од големата забава по повод Културното лето на Кисела Вода!, велат од општината.