
Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски, којзаедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја започнаа официјалната посета на САД, каде ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години НАТО.
Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси, порача Мицкоски.