
На валутните пазари вредноста на американскиот доларот во однос на кошничката на валути благо порасна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,02 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,98 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 160,70 на 160,95 јени. Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0830 долари, додека вчера во истиот момент од тргувањето таа изнесуваше 1,0827 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,21 отсто, на 85,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,23 отсто, на 82,15 долари.