
Премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи македонската делегација на самитот на НАТО на кој се одбележува 75 години од алијансата, имал средба и со албанскиот премиер Еди Рама.
„Остварив средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Регионот може да се развива само доколку забрзано се работи за иднината и просперитетот на сите граѓани. Да се фокусираме околу точките кои не обединуваат и се основа за развој и градење на добри односи. Време е да се отпочне ново време на рамноправен дијалог и искрени пријателства“, објави Мицкоски.