
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Амбасадорот, Јарослав Лудва од Република Чешка.
На средбата се разговараше за новоформираното министерство за неговите цели, активности и проекти.
Министерката Божиновска ја истакна огромната важност за реализирање на нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките закони со европската унија.
На средбата беше разговарано за афирмирање и унапредување на соработката со македонско – чешката стопанска комора.
На средбата се нагласи и поддршката во делот на размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката, како и учество на работилници и бизнис форуми.
Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката.