
Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека поради пожарите затворен за сообраќај е регионалниот пат Неготино-Штип кај селото Пепелиште.
Сообраќајот е во прекин за сите видови возила во двата правци.
Во овој регион веќе неколку дена има активни пожари на неколку локации.