
На територијата на Македонија во последното деноноќие од 28-те пожари на отворено, активни се 13 пожари. Локализирани се два, а четири пожари се под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во општините Чашка (2), Велес, Росоман, Студеничани, Штип (2), Македонски брод (2), Пробиштип, Битола, Прилеп и Долнени.