
Во понеделникот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 8.
Утринските температури се движат од 15 до 21, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 39 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне од 38 степени.