
Францускиот напаѓач Муса Дијаби (25) ги напушти редовите на англискиот премиерлигаш Астон Вила и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Ал-Итихад, со која потпиша петгодишен договор.
Дијаби пристигна во Вила минатото лето од Баер Леверкузен за 52 милиони фунти и постигна 10 гола на 54 натпревари во сите натпреварувања во неговата единствена сезона на Островот.
Вредноста на трансферот на Дијаби на Ал-Итихад не беше објавена.