
На девизните пазари во четвртокот во претпладневното тргување падна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 104,37 поени, додека вчера во истиот период од тргувањет изнесуваше 104,47 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од вчерашните 155,25 на 152,65 јени. Меѓутоа, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0835 долари, додека вчера во истото време изнесуваше 1,0845 долари.
Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,40 отсто, на 81,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 77,30 долари.