
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со преставници на УСАИД. Продуктивна средба со делегацијата предводена од Џери Дибл, претставник на УСАИД во земјава.

„Заеднички споделивме важнистратешки приоритети на двете институции, пред сѐ, за модернизација на енергетските капацитети и мапирање на идните проекти за соработка. Градењето одржлив, функционален и модерен енергетски систем останува највисок приоритет на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и УСАИД“, соопштија од ова Министерството.