
По наредба на судија на претходна постапка, а по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од попладнево во Академијата за судии и јавни обвинители се врши претрес.
Се одземаат електронски податоци од компјутерските системи, мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дејствијата се во тек.