Сончево со мала до умерена локална облачност

Во петокот во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (околу 60 км/час).

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 7.

Утринските температури се движат од 10 во повисоките места на истокот и западот од земјата, до 20 степени на крајниот југ. Највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервеалот меѓу 25 и 25 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени.