
Кошаркарската репрезентација на Австрлија ја совлада Шпанија во првиот натпревар од групата А на Олимписките игри и славеше со 92-80.
Најефикасен во победничкиот табор беше Џок Лендејл со 20 поени, додека кај Шпанците најдобар поединец беше Санти Алдама, кој постигна 24 поени.
Во оваа група се уште селекциите на Грција и Канада кои својот меч ќе го одиграат во 21:00 часот.