
Лина Ѓорческа е поразена од Кристина Младеновиќ и остана без пласман во финалето на силниот турнир во Фигуера да Фож.
Лина го почна мечот со брејк, но првиот сет донесе нестабилна игра на двете тенисерки и многу брејкови, за на крајот деветтиот брејк да биде клучен за 6:4.
Во сличен тек помина и вториот сет, за Младеновиќ да дојде до брејк повеќе и тоа со резултат 7:5, за конечни 2:0.
Турнирот во Португалија се игра за награден фонд од 100.000 долари.