
Во Србија и во понеделникот ќе продолжат протестите против намерите за ископ на литиум, и според медиумите најавени се протести во Краљево, Шабац, Аранѓеловац и Љиг. Во вторник, пак, најавени се протести во Косјериќ и Младеновац. Во изминативе денови протести имаше во Ваљево Лозница, Гроцка, Прељина, Коцељева и Неготин.
Протестите се интензивираа откако српската влада ја усвои Уредбата за утврдување Просторен план на специјалното наменско подрачје „Јадар“ за реализација на проектот за експлоатација и преработка на минералот јадарит.
Низ државата се организираат и најавуваат протести против Рио Тинто и ископувањето и експлоатацијата на литиум.