
Европската унија ги повика сите страни да избегнат ескалација откако Хамас соопшти дека нивниот политички лидер Исмаил Ханијa e убиен во израелски напад вo главниот град на Иран.
„Ги повикуваме сите страни да покажат максимална воздржаност и да избегнат каква било понатамошна ескалација“, рече портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
„Ниту една земја и ниту една нација нема да има корист од понатамошната ескалација на Блискиот Исток“, изјави тој.